Европската унија по „Брегзит“ треба да го искористи гладот на Балканот за членство како можност да се почувствува „атрактивна“ им порачал македонскиот шеф на дипломатијата Никола Димитров на европските партнери во Трст.
Зборувајќи пред претставници на невладини организации од регионот Димитров рекол дека заминувањето на Британија, и на ЕУ и на Балканот им даваат шанса.
„Регионот и неговата подготвеност да ја забрза и да ја заврши работата е можност за Европа да покаже дека може да направи разлика и дека може да размислува широко и да има самодоверба, изјавил Димитров во Трст каде што Европската Унија ги собра земјите од Балканот да им вети пари за проекти и побрза интеграција.
Нестабилност на Балканот значи нестабилност и во Европа, порача во врска со најновата инцијатива за царинска унија и заеднички регионален пазар, германската канцеларка Меркел која учествува на самитот во Трст каде домаќин е Италија.





