Димитриеска-Кочоска: Постигнавме 3,25% каматна стапка со унгарскиот кредит; заемот и претходно беше планиран, само многу поскапо

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за Гласот на Америка се осврнува на предизвиците на земјата за растот на економијата во време на глобални шокови. Таа учествува на Есенските средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон. Во однос на проекциите за економскиот раст вели дека очекува да биде 2.1 отсто до крај на годината, а над 3,5 следната година.



– Ако ги земеме претпоставките кои што ги зема Светска Банка, тоа е нели што остана од претходната влада, бидејќи многу е краток периодот во кој што ние функционираме, би рекла дека логично е нивното проектирање затоа што претходните години имавме слаби резултати и многу мал раст на БДП, Имајќи предвид да го менуваме комплетно економскиот концепт во насока на тоа дека ќе поддржуваме инвестиции, а не потрошувачка. Еве знаете, дека во тек е нели оној голем проект кој што го најавивме за општините, повикот е во тек така да тука ќе има голема реализација. Исто така, двеста педесет милиони евра за приватниот сектор, значи очекуваме дека дефинитивно ќе ги оствариме оние стапки на раст кои што ние како Министерство за финансии ги проектираме, а тоа е 2,1% до крајот на годината и за следната година ќе видиме ама ќе биде повеќе од 3,5 проценти.
Во однос на загриженоста која ја изразија од Светска Банка за кредитите што земјата ги зема од Унгарија, но и како тие ќе влијаат врз јавниот долг и дефицитот, вели дека станува збор за кредит кој бил и претходно планиран, но овие услови се далеку поповолни
-Видите секое ново задолжување нормално дека дава негативни ефекти. Меѓутоа, ние зборуваме за кредит кој што беше планиран од претходната влада, само не земавме еврообврзница и тука напротив, на пример би кажала како министер за финансии и како влада може да бидеме горди што успеавме да обезбедиме кредит под многу поволни услови, со многу ниска провизија во однос да речеме, да носевме одлука за издавање на еврообврзница, а сега парите се од европска држава. Јас навистина не гледам ништо спорно, напротив успехот од тоа што постигнавме со 3,25% каматна стапка, мислам дека некој се труди да го преврти во друга насока и да каже дека еве сега да не дефокусираат тоа што е најважното, а тоа дека ги заштедивме граѓаните на државата, а што направивме позајмивме нешто што и претходно беше планирано само многу поскапо.

Целото интервју на : https://mk.voanews.com/a/7835439.html