Столе Димитриевски го излуди Винисиус Жуниор, а битката на нерви меѓу македонскиот голман и бразилскиот напаѓач заврши со црвен картон за фудбалерот на годината во изборот на ФИФА во заостанатиот натпревар Валенсија – Реал Мадрид од 12. коло во шпанската Ла Лига на „Месталја“.
Чуварот на мрежата на Валенсија и на репрезентацијата на Македонија прво го доби дуелот очи в очи со Бразилецот, спречувајќи израмнување во 43. минута, за десет минути пред крајот Винисиус да добие црвен картон за удирање на Димитриевски, кој претходно го прекори да не глуми прекршок за пенал.







