„Во Македонија постои МАНУ – Македонската академија на науки и уметности како една и единствена Академија, која им припаѓа на сите. Никаков паралелизам не е дозволен.“ – соопшти преку својот официјален фејсбук-профил лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски, реагирајќи на најавите од коалицијата „Вреди“ дека ќе формираат така наречена „Албанска академија на науки и уметности“.
Во својата објава на фејсбук Димитриевски истакнува: Науката не смее да се политизира ниту да се етнизира, таа има свое настанување и континуитет. Ваквите обиди и идеи се резултат на послеизборен популизам. Во Македонија постои МАНУ – Македонската академија на науки и уметности како една и единствена Академија која им припаѓа на сите и никаков паралелизам не е дозволен.
Партнерите во власта од коалицијата Вреди е потребно да се свртат кон економски раст и развој на државата, кон подобар живот на сите граѓани на Македонија и суштинската заложба да се сузбијат криминалот и корупцијата, вклучувајќи ја и политичката корупција. За тоа е потребна и понуда на кадри со чисто минато, без криминал и опашки.
Home Македонија Димитриевски: Во Македонија постои МАНУ како една и единствена Академија за сите,...





