Бугарскиот претседател Румен Радев му даде рок на преодниот премиер до понеделник да го претстави предлог-кабинетот со напомена дека очекува промени.
При тоа то мислеше за „смена“ на првиот човек на МВР, Калин Стојанов, поради кој Радев одби да го потпише указот со кој министрите избрани од претходната в.д. кандидатка за премиер Горица Грнчарова Кожарева требаше да стапат на функција на почетокот на неделата.
Доколку сега нема проблеми со составот на кабинетот на Главчев, претседателот ќе донесе указ за именување влада, а веројатно истиот ден министрите ќе положат заклетва во парламентот.
Доколку биде избрана нова службена влада, предвремените – седми во ред – избори најверојатно ќе се одржат на 27 октомври.






