Државната изборна комисија ги објави првичните официјални резултати од првиот круг претседателски избори. Официјално на 8-ми мај за Вила Водно ќе се тркаат Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски од СДСМ.
Силјановска-Давкова освои 363.086 гласови, додека Пендаровски 180.500 гласови. Не се обработени само три избирачки места.
На трите места во Куманово каде гласањето беше прекинато поради технички проблеми, но нема да има прегласување затоа што станува збор за мал број на гласови кои немаат влијание врз крајниот исход. На едното место недостасуваше печат, а на останатите две не функционираа уредите за идентификација и поради што гласањето беше прекинато повеќе од три часа, согласно Изборниот законик воопшто не продолжи.
Од ДИК соопштија дека тече рокот од 48 часа за приговори.





