Дечиња го разубавија Скопје – денот на шегата, највеселиот ден за најмалите

Супермени, принцези, цвеќиња, колачиња, кловнови, пчелички и многу други маскирани дечиња дефилираа денеска низ Скопје на Денот на шегата. Првоаприлските маски уште еднаш ја покажа креативноста на родителите и на децата, особено детската желба барем еден ден да бидат јунаци од нивната фантазија или некој омилен лик од детските приказни и филмови.



Четири општини и тоа Ѓорче Петров, Кисела Вода, Гази Баба и Бутел се погрижија за највеселиот детски ден да обезбедат и многу забава, музика, но и награди за најдобрите маски.

На манифестацијата „Шеговил“ во Кисела Вода, која се одржа пред салата „Расадник“ се собраа повеќе од 1.000 маскирани деца, за кои беше организиран и забавен парк со вртелешки. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски посочи дека жири-комисијата имала навистина тешка задача од прекрасните маски да ги избере трите најдобри, за кои беше обезбеден таблет и слатки пакети.

Креативни, оригинални, одлични маски денеска продефилираа и во централниот парк во Ѓорче Петров на „Априлијадата“, која Општината ја организираше во соработка со училиштата и градинката.

Фото: Слободен печат


Фото: Слободен печат

Целата репортажа погледнете ја тука. .