Дури четири од десет деца родени во Европа, се раѓаат во вонбрачна заедница, покажуваат податоците на Евростат.

Најголем процент од таквите деца, 60 до 70 отсто, живеат во Исланд, а повеќе од половина од нив се во Шведска, Данска, Норвешка, Франција, Португалија, Словенија, Естонија и Бугарија.
Овој процент е значително помал во балканските земји – во Србија, на пример вон брак се раѓаат само 20 до 30 проценти од децата,
Овој европски „тренд“ не е популарен во Грција, БиХ, Хрватска, Црна Гора, Македонија, Турција и во Белорусија.





