Во целата какафонија и меѓусебни обвинувања на лидерите на главните политичките партии во Грција околу идното име на северниот сосед – Алексис Ципрас од „Сириза“, Кирјакос Мицотакис од „Неа демократија“, Панос Каменос од “Независни Грци“(АНЕЛ), во која се вмеша и екс-минстерката за надворешни работи, Дора Бакојани – има една мала „семејна врска“.
Дора Бакојани и Кирјакос Мицотаис се брат и сестра и деца на поранешниот премиер на Грција Константинос Мицотакис (1990-1993) во чиј мандат, каква коинциденција, од Атина беше наметнат спорот со името.
Грчкиот премиер, Ципрас, одговори на повикот на лидерот на опозицијата Мицотакис кој побара од ремиерот да си оди заено со помалиот коалиционен парнер, Каменос.
„Време е сериозно да спознае и да се разбере дека кон некои национални прашања не можат да се пристапат од гледна точка на микро-партиска експедитивност“, и саркастично забалежал дека неговите и ставовите на неговата сестра „за името“ нема да станат национален проблем на земјата.
Дора Бакојани, шефицата на грчката дипломатија (2006-2009), според многумина, беше главниот заговорник за „непостоечкото грчко вето“ на Самитот на НАТО во Букурешт. Таа жестоко ги критикуваше македонските власти за „крадење“ на грчката историја со величење на ликот на Александар Македонски иако самата призна дека Атина од 2005 година, многу пред извиканата „антиквизација“ градела став за неприфаќање на Македонија под уставното име во НАТО.
За време на нејзиниот мандат, и кога беа во ек критиките за преименување на автопатот со името „Александар велики“, Грција и Ирак се договорија да подигнат споменик на Александар Македонски во близината на Мосул, во чест на пресудната победа (Битката кај Гавгамела) на македонскиот освојувач над војската на Персиското царство во 331. година п.н.е
Оддавањето почест на големото освојување „мора да го симболизира взаемното влијание меѓу двата народа”, грчкиот и ирачкиот, рече Бакојани, но тоа право никогаш не ѝ го призна на Македонија.
“Сега, Бакојани, поддржна од партијата чиј претседател е нејзиниот брат, се појави како критичар на „проблематичниот“ Панос Каменос кој е против употреба на , според него, „грчкиот термин Македонија“ во името што се подготвува да го смени сегашното Република Македонија.
Таа го потсети Каменос дека на двапати гласал за име со географска одредница пред зборот Македонија.
Дора Бакојани, во еден период наречена и „амазонка“ на грчката дипломатија, е ќерка на екс-премиерот на Грција Константинос Мицотаки, поранешна градоначалнилка на Атина токму во периодот на Олимписките игри (2004) која со последниот „ангажман“ не крие дека сакада се врати во политиката преу нејзината партија Неа демократија, на чие чело сега е – братот Кирјакос.
Братот Кирјакос (1968) е на чело на опозиционата НД од 2016. Роден е во 1968 година кога неговите родители (татко) биле ставени во домашен притвор во времето на грчката хунта (1967-1974) и поd притисоците, семејството прогласено за „persona non grata”, се сели во Париз во 1968 година.
Кирјакос и Дора , родена Мицотакис, високо котираат во Неа демократија и се обидуваат да ја возобноват грчкта традиција на фамилијарно-политички кланови во Грција, по оние на семејствата Караманлис и Папандреу.






