Детали за чудата во Корошиште: Пронајдениот штит е најстариот целосно зачуван во светот! (ВИДЕО)

Епохалното откритите на гробница стара 2600 години во охридското село Корошиште, а полна со извонредно зачувани коски и предмети, и натаму ја бранува јавноста и го возбудува научниот свет. За деталите од ископувањето, за начинот на кој е пронајдена гробницата, како и за самите предмети кои се извонредно сочувани, во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа зборуваше археологот Перо Арџанлиев, водител на проектот и најзаслужниот за овој голем успех.



Тој во емисијата презентираше досега невидени фотографии од пронајденото археолошко богатство, а меѓу другото го истакна и фактот дека пронајдениот штит во гробницата е всушност најстариот целосно зачуван ваков предмет во светот.

Арџанлиев зборува и за пораките кои ги добива од европската научна заедница, за плановите во врска со следните ископувања, но открива и цела низа ситни детали поврзани со историскиот успех, кој како што вели се случува „можеби еднаш во генерацијата“.

Емисијата со археологот Перо Арџанлиев на следниот линк: