Деспотовски: Пожарот во Универзална е последица на неодговорно однесување на институциите

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски за пожарот во Универзална сала вели дека е последица на неодговорно однесување.
-Сликата навистина е тажна, нема што да кажам, мислам јас како роден скопјанец релативно блиску и сум живеел, сум растел во близина на Универзална сала, ме врзуваат убави спомени за таа локалција. Последица на доста неодговорно однесување во случајов на институциите, посебно на Град Скопје, мене ми е навистина жал што сега морам да искоментирам, ова не е ни политика, ова е повеќе како коментар на граѓанин на Град Скопје, убава замисла беше реконструкцијата, се обезбедија средства, добро започна, навистина не можам да разберам зошто актуелното раководство се одлучи еве веќе 2 и пол години да го држи проектот под мраз, за да мора на крајот Владата да го преземе“, вели Деспотовски во емисијата Daily Click“ на ТВ21.
Според него, ова не би се случило доколку не било неразбирливото и неразумно однесување од страна на актуелното градско раководство.