Деспотовски: Ниту еден член на досегашното раководство на СДСМ нема да биде дел од мојот тим

Ако околу нешто се обединуваат членовите на СДСМ, тоа е мислата дека ова сега не е добро и дека треба да престане. Луѓето бараат промени, радикален рез, а некаде велат – како со сатар. Јас затоа се залагам за радикален дисконитинуитет со досегашната пракса во СДСМ и за нов почеток“.



Ова во поткастот на Плусинфо го вели Јован Деспотовски, човекот кој прв ја објави својата кандидатура за изборите на претседател на СДСМ, што ќе се одржат в недела на 30 јуни.

Во поткаст на „Плусинфо”, Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ, ги анализира причините за поразот на изборите и за падот на СДСМ во последните години, но говори и за своите планови за радикален пресврт и за еден нов почеток на партијата во која е цели 30 години.

Деспотовски најавува радикален рез во кадровската политика во СДСМ.

– Ниту еден член на досегашното раководство на СДСМ нема да биде дел од мојот тим, од новото раководство. Тука нема да има никакви компромиси – вели тој.

https://plusinfo.mk/vo-sdsm-mora-da-se-preseche-kako-so-satar-nitu-eden-od-segashnoto-rakovodstvo-nema-da-bide-del-od-mo-ot-tim-vetuva-despotovski/