Додека неговите колеги на премиерата на филмот „Убиство во Ориент Експрес“, Џуди Денч (82), Кенет Брана (56), Пенелопе Круз (43) и Мишел Фајфер (59) уредно се смешкаа и зборуваа, Џони Деп (54) бргу си замина во непознат правец. Образложението било со зборови „ме чекаат две мистериозни русокоси“.
Пред тоа, велат новинарите, за време на премиерата во Лондон, тој давал чудни изјави, одбил да се фотографира и мирисал на алкохол. Деп во новиот филм кој е снимен по делото на Агата Кристи игра гангстер кој патува во возот.



Фановите велат дека Џони Деп (54) е трансформиран од заводник во непрепознатлив, здебелен, побелен човек кој пропаѓа во последниве години.
„Не знаеме дали е алкохол или премногу пластични интервенции, но изгледа лошо“, коментираат неговите фанови на социјалните мрежи.