Две победи минимум очекуваме од настапите на трите македонски претставници во првото квалификациско коло во Лига Европа што се должи и на добрата жрепка, но и на силата на Шкендија, Работнички, па и Пелистер во првите средби кои не се решавачки, но од кои се стекнува капитална предност.



Денот ќе го отворат тетовци со дуел од 18 часот во Струмица против Дачија Кишињев. Ништо под убедлив триумф не смее да се случи во мегданот кој Шкендија ќе го игра на теренот на стадионот Младост иако нема многу информации за молдавскиот претставник.

Во 20.30 Работнички го започнува мечот против Тре Пене од Сан Марино и тоа на негов терен на Серавале стадионот. Со оглед на рејтингот на фудбалот од оваа земја скопските црвени треба да ја завршат обврската и пред реваншот следната седмица во нашиот главен град.

Последен денеска (20.45) настапува Пелистер, но тој има и најтешка задача зошто игра против Лех во Познањ што е сериозен испит за нашиот Куп освојувач. Битолчани на Миејски стадионот (капацитет од 43 илјади гледачи) ги очекува седумкратниот полски шампион кој знае како се минуваат рунди и во Лигата на шампионите и во Лига Европа каде пред две сезони играше дури до шеснаестфиналето.