По средбата со премиерот Зоран Заеев вчера, новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека денеска ќе биде соопштена одлуката за тоа дали претениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се вратат во Собранието.
Влатко Ѓорчев е нов координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по повлекувањето на пратеникот Илија Димовски од оваа функција.
Шест актуелни пратеници на најголемата опозициска партија се во притвор.
За средбата со премиерот рече дека двете најголеми македонски партии можат да соработуубат, но дека отстапки треба да има од двете страни.
Мицкоски уште рече дека сега е време да се биде конструктивен но дека конструктивноста не смее да биде само во една насока туку треба да биде двонасочна.




