Денес нова консултативна расправа околу измените и дополните на законот за локална самоуправа

Министерството за локална самоуправа денеска ќе организира четврта консултативна расправа околу измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа. Министерот за локална самоуправа Златко Перински ќе ја отвори оваа консултативна расправа. Цел на овие расправи се најавените можности за отповикување на градоначалниците и за воведување комунална полиција.

Меѓу учесниците ќе бидат дел од експертскиот тим вклучен во процесот – проф. д-р Александар Спасеновски, проф. д-р Гордан Георгиев и проф. д-р Мемет Мемети. На консултативната расправа ќе присуствуваат и градоначалниците на општини на Скопје, градоначалници на општини од Скопскиот и од Североисточниот плански регион, претставници од УНДП и од невладини организации.

Настанот се организира со поддршка од проектот „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од Владата на Швајцарија и Министерството за локална самоуправа, а софинансиран е и спроведуван од Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, во соработка со други национални институции и единици на локална самоуправа.