Денес во Тетово регионален форум за заштитени подрачја во Македонија, Албанија и Косово

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија Изет Меџити, кој е и министер за животна средина и просторно планирање, денес ќе биде дел од регионалниот форум во Тетово, насловен како „Добро управување и меѓуинституционална соработка во заштитените подрачја во С.Македонија, Албанија и Косово“. Ова го објави Македонската информативна агенција – МИА.



Натаму МИА јавува: Овој собир е организиран од страна на ЦНВП – организација која има за цел да ги поврзе природните вредности и луѓето. Главната цел на форумот е да се подобри интеракцијата меѓу националните паркови, локалните самоуправи, регионалните одделенија и други важни институции. Целта е да се подобри состојбата на животната средина и да се зацврсти доброто управување во заштитените подрачја.

Овој настан е финансиран од ПОНТ, во рамките на проектот: „Одржливо користење на природните ресурси во Шара, Кораб-Коритник и Албанските Алпи“.