Денес во Собранието на Македонија пратенички прашања од опозицијата до премиерот Мицкоски, министрите и други функционери

Во Собранието на Република Македонија денес е планирана неговата 41-ва седница, која ќе започне со пратенички прашања од опозицијата. Оваа пракса почна да се применува со новиот Правилник за работа, што се совпадна со мандатот на сегашните пратеници. Во текот на првите два часа пратениците од опозицијата ќе им поставуваат прашања до премиерот, министрите и на други именувани и избрани функционери.

На дневниот ред на 41-та седница е и усвојување повеќе меѓународни договори. Пратениците ќе расправаат и за измените и дополните на Законот за работните односи и на Законот за јавните патишта, по скратена постапка, како и за други законски акти.