Економско-социјалниот совет (ЕСС) денеска на пладне треба да ја одржи првата седница по формирањето на новата Влада.
Како што кажа Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши со работодавачите и синдикатите ќе се продискутираат сите нивни барања, идеи, критики и предлози, како и барањето за покачување на минималната плата.
– Заедно и транспарентно ќе носиме одлуки. Ќе ги видиме и можностите на Владата, но ќе ги слушнеме и работодавачите и синдикатите и ќе донесеме заедничка одлука, рече Дурмиши.





