Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални ќе биде погребан денеска во Москва во услови на силни безбедносни мерки и стравувања од полициска акција. 



Навални ненадејно починана 47-годишна возраст откако му се слошило во казнена колонија на Арктикот, јавува Ројтерс.

Приврзаниците на Навални – кои ветија дека ќе ги пренесуваат настаните од денот на интернет во живо – го обвинија претседателот Владимир Путин за негово убиство бидејќи рускиот лидер, наводно, не можел да ја толерира можноста Навални да биде ослободен во потенцијална размена на затвореници.

Тие не објавија доказ за да го поткрепат тоа обвинение, но ветија дека ќе кажат како бил убиен и од кого.

Кремљ негираше вмешаност на државата во неговата смрт и рече дека не знае за каков било договор за ослободување на Навални.

Верска служба за Навални треба да се одржи во 14.00 часот по локално време во црквата на Богородица во московскиот кварт Марино, каде што порано живеел Навални.