Денеска врачување на наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

 

Државната награда за 2024 година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството ќе биде доделена денеска во Кристалната сала во Собранието.



Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ државната награда за остварување во областа на публицистиката ќе им ја додели на Иван Антоновски и Делвина Крлуку, а за остварување во областа на новинарството на Атанас Костовски и Љупчо Јолевски.