-Стартот на кружната трка во должина од три километри ќе биде во 10 часот од бул. „Илинден“, во близина на фонтана „Лотос“. Пред самиот почеток, во 9:40 часот, предвидено е и загревање со аеробик вежби. Досега се пријавени приближно 3000 учеснички во трката, а има вкупно девет старосни категории, соопшти организаторот на трката.
По истрчаните три километри ќе бидат прогласени најдобрите учеснички, по што ќе следува доделување подароци на добитничките, обезбедени од партнерите на трката.
За времетраењето на трката, од 9 до 11 часот, ќе има посебен сообраќаен режим на бул. „Илинден“.






