Заврши состанокот на коалицијата „Вреди“, на кој присуствуваа Изет Меџити, Билал Касами и Зеќирија Ибрахими, заедно со членови на раководствата на партиите Демократско движење, БЕСА и Алтернатива, на кој и официјално се споија трите политички субјекти на Албанците од владиното мноизнство.
По состанокот Касами од Беса објави дека е формирано заедничко раководство. Во меѓувреме, кога беше прашан за градоначалникот, тој рече дека тој ќе биде избран во наредните денови.
„Споменав дека на следните состаноци, во наредните денови, ќе разговараме и за други тела, вклучително и за партиското раководство. Важно е од денес да започнеме со хомогенизација и воспоставување заеднички структури, она што го најавивме – воспоставување на единствен политички субјект“, рече Касами.







