Демири ќе го разрешува медицинскиот директор Петровски, но не и економската директорка Илјази, иако е веќе „славна“ по (не)способноста!

Министерот за здравство Илир Демири на прес-конференција најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија. „Денеска ќе го разрешам медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија др. Данил Петровски.“ – изјави Демири. Ова го објави весникот на албански јазик „Лајм“.



„Лајм“ пишува: За економската директорка Бесија Илјази тој рече дека не е запознат дека сторила некаков прекршок. На прашањето какво образование има таа тој одговори дека има високо образование, но не знае какво. Илјази е именувана на 14 февруари, еден пред формирањето на техничката влада. Вработените во клиниката реагираат дека е именувана, иако не ги исполнува условите, предвидени со законот за директори.

Инаку, расте револтот кај вработените на Клиниката за токсикологија. Бесија Илјази не сака да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар и настојчиво  ги „форсира“ 18-темина, на кои лани им завршиле договорите. Вработените во Токсикологија алармираат и дека од назначувањето на директорката Илјази долгот на Клиниката за помалку од два месеца се зголемил близу до два милиона денари. Врвот на сегашната ситуација е тоа што сега не работи Токсиколошката лабораторија.

Претходно д-р Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од стручниот колегиум на Клиниката реагираа на односот и отпорот на Иљази. На денешната прес-конференција оваа директорка пројави отворен шовинистички однос кон македонскиот јазик. Откако ги повика новинарите, Бесија Илјази рече само „Здраво на сите“ и почна да зборува на албански јазик. Кога новинарите ја прашаа дали ќе се обрати на македонски, таа кратко одговори „Не“. Во знак на револт поголем дел од новинарите ја напуштија оваа прес- конференција.

Арно ама, и покрај сите овие веќе јасни докази за (не)способноста на Илјази, министерот за здравство Илир Демири рече дека немал забелешки за нејзиното работење и решил да го разрешува токму медицинскиот директор д-р Данил Петровски. Дали министерот Илир ќе го разрешува Данил, затоа што е Данил, а нема да ја „гиба“ Бесија, бидејќи е Бесија?!