Роже Федерер загуби во четвртфиналето од Хуан Мартин Дел Потро сo 1-3 (5-7, 6-3, 6-7 и 4-60, а светот остана скусен за ново големо и од сите очекувано одмерување на Швајцарецот и Рафа Надал кој вчера порано го разби младиот Рублев со 3-0. Инаку победата на Аргентинецот против Федерер не може да биде сензација затоа што во последните седум меѓусебни меча тој има 4-3 (вкупно е 15-6 за Федерер), а и затоа што Роже многу се мачеше од почетокот од турнирот.
Од друга страна Федерер само сезонава освои два Гренд Слема за да дојде до бројката од 18, а Дел Потро остана на еден од 2009. година, токму од Њујорк.




