Веднаш откако престанаа „гарантираните цени” дел од маркетите почнаа да продаваат поскапо одредени прехранбени производи. Ова го потврдуваат и од државниот пазарен инспекторат (ДПИ).
„Она што исто така го имам како информација е дека снабдувачите на големо веќе ги преправаат цените до трговците на мало со тоа што се очекува да се покачат цените, но повикувам на општествена одговорност од страна на трговците на мало и на трговците на големо со цел доколку има простор и можност цените да ги остават на истото ниво“, изјави денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски.
Сепак Трајковски вели дека не можат да влијаат на цените, но верува дека дел од големите ланци на маркети ќе прават акции со кои ќе има намалувања на одредени прехранбени производи.
Спасот од високите цени ќе се бара во законот за нефер трговски практики кој пак уште е во Собрание. Во меѓувреме, власта изгледа нема друг план.







