Бугарските пратеници денеска подеветти пат ќе се обидат да изберат претседател на 51-то Народно собрание, јавува „Сега“.
Ова се случува откако во петокот од пет кандидати во вториот круг на гласање стигнаа Наталија Киселова од ДСП – Обединета левица и Силви Кирилов од ИТН, но и двајцата не го собраа потребниот број гласови.
Од ГЕРБ-СДС изјавија дека доколку се постигне редовна влада, премиерот мора нужно да биде од првата политичка сила.
Она што ГЕРБ го бара не е претседател на Народното собрание или вршител на должноста премиер, туку мнозинство за редовна влада и премиер Бојко Борисов.





