Кејт Мидлтон (33) и Принцот Вилијам (33) соопштија дека го очекуваат своето трето дете. Кралското семејство ја потврди веста официјално објавувајќи на социјалните мрежи. За сега нема други детали и не е познато колку долго Кејт е бремена. Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се венчаа во април 2011 година, во јули 2013. го добија принцот Џорџ, а во мај 2015. ја добија, принцезата Шарлот.

Во моментов пак, војводата и војвотката од Кембриџ се подготвуваат да го носат својот син на училиште и тоа 5,5 милји подалеку од палатата Кенсингтон во која живеат.
Британското кралско семејство повторно одлучи да ја прекине традицијата. Британците имаат поинаков образовен систем, па принцот Џорџ (4) во четврток ќе тргне на училиште, а Вилијам и Кејт го избраа приватното училиште „Томас Батерсеа“ за неговото образование. На веб-страницата на училиштето се вели дека е соодветно за „космополитски родители кои сакаат нивните деца да имаат најдобро англиско образование што можат да го купат“.

Малиот принц се уште не започнал со училишните обврски, а веќе се појавија „првите проблеми“. Имено членовите на британското кралско семејство официјално немаат презиме, па прашање е под кое презиме принцот ќе биде заведен во училишната документација. Училиштето вети дека ќе настојува да обезбеди сигурност и приватност.
Да потсетиме дека и принцезата Дијана сакаше нејзините деца да се едуцираат со други деца, па принцот Вилијам стана првиот британски наследник кој се образувал надвор од палатата.




