Двајца убиени, 9 повредени во пукање во Филаделфија (ВИДЕО)

Две лица се убиени, а девет други се ранети, меѓу кои и тројца тинејџери, во масовно пукање што се случи синоќа во паркот Фермаунт во Филаделфија, потврди полицијата.



Пукањето се случило на Денот на сеќавањето (Memoral Day) ,
кој традиционално се одбележува последниот понеделник во мај, и е федерален празник во Соединетите Американски Држави посветен на чествување на војниците кои загинале во војни и воени операции.

Според полицискиот инспектор Д.Ф. Пејс, две лица беа убиени на местото на настанот.
Маж и жена, двајцата возрасни, беа убиени, рече Пејс.

Сите девет лица повредени во престрелката се во стабилна состојба.

„Во моментов не пронајдовме никакво оружје“, рече офицерот. Никој не е уапсен.