Двајца повредени во собраќајка синоќа во Скопје (ВИДЕО)

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва во Ѓорче Петров, кај комплексот „Александрија“, објави Канал 5 телевизија.



Во несреќата учествувале три возила – два автомобили и еден мотоцикл, а се случила на крстосница од улиците „Скупи“ и „Ацо Шопов“, јави МВР.

Две лица со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болница за укажување помош, но не е познато колку се сериозни нивните повреди.

Очевидци за Канал 5 велат дека најтешко поминал мотоциклистот, чиј мотоцикл бил речиси преполовен.

Неофицијално, едно од возилата обидувајќи се да претекне друго удрило директно во мотоциклистот..