Двајца загинати во тешка сообраќајка на патот Гостивар – Кичево (ВИДЕО)

Две лица загинаа вечерва по судир на автомобил БМВ со камион со странски регистарски таблички на регионалниот пат Гостивар – Кичево.



„Во судар на патничко возило со гостиварски ознаки и камион со странски таблички, едно лице починало на самото место, а другото во болницата во Гостивар. Заради увидот и утврдување на причините кои довеле до несреќата сообраќајот на овој патен правец е во целосен прекин од 21:20 часот“, потврдија од СВР Тетово.

Видео од местото на настанот на линкот:

https://www.facebook.com/watch/?v=26713510911628051