Македонската студентка Данче Зафирова која што беше повредена во сообраќајна несреќа пред десет дена во градот Фалмут во американската сојузна држава Масачусетс не е веќе во критична состојба, јавуваат локалните медиуми.

Зафирова (22) на 27 јуни била удрена од возило додека пешачела на тротоар заедно со Дамјан Добревски и уште едно лице.
Веднаш по несреќата Зафирова била префрлена во болница со тешки повреди во критична состојба а Добревски (21) ја напуштил болницата по неколку дена.
Зафирова заедно со нејзината сестра и Добревски во САД заминале во рамки на програмата за студентска работа „Интракс“ која што ги покрива сите трошоци за лекувањето.
Локалните жители на градот Фалмут веднаш по несреќата организирање добротворна акција за прибирање на средства за тројцата повредени студенти.






