„Двајцата осомничени за убиството кај Трговскиот центар ‘Мавровка’ во Скопје се осуденици, кои избегале од затвор.“ – потврди Министерството за внатрешни работи.
Е.К. (39), првоосомничениот за убиството на Васил Е., кому вчера Кривичниот суд му одреди 30-дневен притвор, бил затвореник во „Идризово“. Оттаму избегал на 15 април годинава. А.К., второосомничениот за случајот, кој вчера сам ѝ се предаде на полицијата, како што информираат од МВР, престојувал во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. Оттаму избегал на 22 јули годинава.
Двајцата бегалци се барале според централна потерница, распишана од МВР на денот на нивното бегство.
Home Македонија Двајцата осомничени за убиството кај „Мавровка“ се осуденици, кои биле избегани од...



