Во министерството за политички систем и односи меѓу заедницата кое го водеше вицепремиерот Артан Груби постојат вработени кои во владините институции ги нарекуваат ,,Фантомите на ДУИ” или ,,Дванаесет величествени”.
Според извори во министерството што од формирањето најголем дел (освен од 2006 до 2008) го водеше ДУИ овие луѓе биле двојно заштитени од Груби.
За разлика од стотини други кои изминативе години воопшто не оделе на работа овие луѓе дополнителни воопшто ги немало на списокот на вработени во министерството а земале солидни плати од таму.
Според луѓе кои порано биле во ДУИ а кои сега се членови на ВЛЕН овие луѓе ги користеле сите бенефиции од работен однос а никогаш или многу ретко се појавувале на работа.
Сегашните членови на ВЛЕН кои брифираат за оваа милионска аномалија на прашањето зошто досега молчеле за кршењето на законот велат дека никој не можел да му се спротистави на Груби и затоа се молчело.
Тие тврдат дека најголем дел од фантомите вршеле партиски работи или воделе приватни бизниси а исто како и кај другите што биле регистрирани како вработени а не работеле ништо некои работеле во странство.
Вицепремиерот Иван Стоиљковиќ засега не дава детали за ,,Преторијанската гарда” на Груби која со години земала илјадници евра а воопшто ги немало на списокот за плати.
Извори во министерството велат дека откако Стоиљковиќ почнал да расчистува со фантомите на Артан Груби и ДУИ дел од нив веќе најавиле дека спогодбено ќе го прекинат работниот однос.
Дел од овие лица како и другите стотина што не работеле ништо се пријавувале како Македонци според етничка припадност.
Трошоците за овие ,,12 Величествени на Артан Груби” и другите стотина луѓе кои со години земале плата без да сработат ништо се најмалку десетици милиони евра ако се пресметаат бруто платите и другите бенефиции како службени патувања, бензин за службени возила и трошоци за репрезентација односно ресторански услуги.





