За Јохан Тарчуловски, Крсто Муковски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски, собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања гласаше „за“ одземање на пратеничкиот имунитет со што го одобри барањето на Кривичниот суд за притвор.
Одлуката била едногласно донсена откако „за“ гласале 5 членови. Пратениците од ВМРО ДПМНЕ кои се и членови на Комисијата, не присуствувале на седницата.
Јохан Тарчуловски и Крсто Миковски, се членови на Комисијата која требаше да одлучи за одземање на имунитетот, но нема инфорамции од кои причини не се појавиле на седницата.
На ред е Собраниеето на пленарна седница да го разгледа Извештајот од Комисијата – што треба да стигне во претседателот на парламентот, Талат Џафери, во рок од 48 часа – по што парламентарниот состав ќе одлучи дали ќе им биде одземен имунитетот на шесте пратеници осомничени, приведени или уапсени во врска со настаните од 27 април во Собранието.






