Да се вратат на работа пензионираните медицински сестри

Претседателката на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“, Гордана Бешлиовска денеска истакна дека дошло време да мора да се викаат за вработување медициските сестри кои веќе се во пензија.



„Размислуваме да се наоѓа солуција да ги понудиме медицинските сестри кои заминаа во пензија, да може да се вратат во болниците под некои условни договори на дело, за да можат да им помогнат на болниците, одделенијата што останаа без персонал“, рече таа, зборувајќи за проблемот со недостаток од кадри во здравството.

Таа ја спореди и Словенија која има исто 2 милиони жители, но со 17 илјади медицински сестри, додека пак Македонија брои само 9.200. ТВ21