„За доброто на нашите деца, не би сакал да ни се повтори Букурешт“, рече кандидатот за претседател Арбен Таравари во интервју за „Телма“, повторувајќи дека уставните измени за внесување на Бугарите се услов од ЕУ.



„Тие ни кажаа дека не може да биде променет овој договор и затоа мора да се изгласаат“, рече Таравари кој не пропушти дека со отворање на Уставот треба да бидат „20-те проценти“ за јазикот на малцинските Албанци.

Тој вели дека не инсистира измените да се направат веднаш.

„Не велам за една година, ние да отвориме дебата, за 2, за 3, за 4. Во меѓувреме ние ќе започнеме преговори. Јас ви гарантирам дека до Нова година се надевам дека ќе имаме стабилна влада, која што ќе биде рационална и ќе ги отвори преговорите. Мислам дека ние сме барем толку паметни и толку ни значи земјата во која што живееме, дека мораме одредени работи да направиме, нормално барајќи одредени гаранции“ рече Таравари.

Тој изнесе мислење дека Србија имала големо влијаниетука и дека процесот на „југословенизација` на Македонија е огромен проблем на државата.

„…ислам дека тука треба да се балансираме и да се оневозможи тоа влијание, бидејќи се ствараат одредени фрустрации, посебно кај нашите сограѓани Македонци.

Видете, нема како да се објасни зошто толкава бугарофобија има, а немаше фобија кон Грците“, рече Таравари.