Извештајот на ЕП за Македонија не нè’ обврзува за ништо, изјави за медиумите во парламентот лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, пенесоа бугарски медиуми.
Според него, бугарските измени во извештајот ќе бидат предложени од ЕНП за време на самото гласање за документот во пленарната сала.
Тој увери дека Договорот за добрососедство и таканаречениот француски компромис нема да бидат заобиколени.
Во врска со блокираните предлози во Комитетот за надворешни работи на ЕП, каде што европратениците на унгарскиот премиер Виктор Орбан одиграа голема улога, пишува Њуз.бг, Борисов објасни дека во последните години и за време на администрацијата на привремените влади, Орбан создал пријателство со сегашните владетели во Скопјe.
„Ова немаше да се случи ако јас бев премиер“, истакна Бојко Борисов, додавајќи дека сличен извештај за Македонија би бил невозможно да се случи пред години.
Најчитани статии
Кој е овде вистинскиот монструм







