„Грција им упатува директна закана на Албанија и * Македонија, кога им вели дека ‘патот до ЕУ минува преку Атина’, ако сакаат да се зачленат во ЕУ. Со стап на ЕУ Атина се прави пастир на говеда. Бара албанскиот и македонскиот народ, кои не се говеда, да се потчинат, да дадат делови на територија, да се понижат. Атина бара албанскиот и македонскиот народ да заборават на ужасните и смртоносни настани, да ги заборават масакрите, геноцидите, насилните протерувања, како што беше пред 1913 година, но и за време на двете балкански и двете светски војни. Атина бара албанскиот и македонскиот народ да го прифатат хеленизмот, да бидат робови на грчката црква. Тоа е демократијата, што сака да ја инсталира ЕУ преку своите земји-членки.“ – жестоко реагира Фахри Дахри во својата колумна кон фактот, што Грција ја злоупотребува својата позиција како земја-членка на ЕУ, наметнувајќи им на Албанија и на Македонија уцени, диктати и ултиматуми да ги прифатат сите нејзини барања од политички и историски карактер, ако сакаат да станат и тие членки на Европската Унија. Овие свои ставови Фахри Дахри ги изнесе во својата колумна со наслов „Кога молкот молчи, будењето се буди!“, која ја објави косовскиот весник на албански јазик „Бота сот“. Фахри Дахри е публицист и експерт по економија од Албанија, но е и активист за прашањето на Чамите, кои се сметаат како составен дел на албанскиот народ, врз кои „Грците извршиле геноцид и ги протерале од нивната етничка територија, која е дел на севкупната албанска етничка територија“, како што тврдат со децении албанската политика и историографија.
Покрај другото во обемната колумна, Дахри пишува: Негативните примери ги добиваме од ЕУ токму од позициите, кои се одржуваат за време на преговорите за членство во ЕУ меѓу земја-членка на ЕУ и друга земја-кандидат за членство. Од државите-кандидати, кои аплицираат за членство, покрај другите услови, се бара да немаат нерешени проблеми со ниедна од земјите-членки на ЕУ. Дали овој услов носи сам по себе носи нееднаквост, се јавуваат ли принудни фаворизирачки разлики? Ако не се постигнат решенија во преговорите, државата-кандидат го губи членството, додека земјата-членка на ЕУ не трпи никакви последици дури и кога проблемот останува нерешен, поради земјата-членка на ЕУ.
Многу јасни, конкретни и повторени примери за ова се преговорите меѓу албанската и грчката држава, но и преговорите меѓу грчката држава и државата * Македонија. ЕУ не реагира во случаите кога некоја нејзина членка-држава произволно се меша во внатрешните работи на земја, која не е членка на ЕУ. Како што се повторуваат бруталните интервенции на грчката држава против албанската држава. Почитувањето на одлуките на правосудниот систем, изграден врз основа на барањата на ЕУ, е обврска и за нејзините земји-членки. Но, Грција и сега ги отфрлаше одлуките на албанското судство. Напротив, Грција доби и согласност од ЕУ, отворено кршејќи го законот за декриминализација, кој е толку многу баран од самата ЕУ?!
Не претставуваат демократски принципи заканите, кои земјите-членки на ЕУ им ги упатуваат јавно и официјално на земјите кандидати за членство во ЕУ, како во случајот кога Грција изјавува: „Ако сакаат Албанија и * Македонија сакаат да се зачленат во ЕУ, тогаш патот до ЕУ минува само преку Атина.“ Ова е директна закана.
Со стап на ЕУ Атина се прави пастир на говеда, бара овие два народа, кои не се говеда, да се потчинат, да дадат делови на територија, да се понижат. Атина бара овие два народа да заборават на ужасните и смртоносни настани, да ги заборават масакрите, геноцидите, насилните протерувања, како што беше и на албанскиот југ пред 1913 година, но и за време на двете балкански и светски војни. Атина бара овие два народа да го прифатат хеленизмот, да бидат робови на грчката црква.
Само ако се прифатат овие услови, тогаш Атина го отвора патот за членство. Тоа е демократијата, што сака да ја инсталира ЕУ преку своите земји-членки. Анализата на фактите ни дава за право да дојдеме до овој заклучок.






