Илире Даути, потпретседателка на Алијансата за Албанците на Зијадин Села и пратеничка во Собранието на Република Македонија, во интервју за весникот на албански јазик „Лајм“ нагласи дека таа партија ја поддржува идејата на ДУИ за поделба на државата на територии според ирскиот и белгискиот модел. „Албанците не смеат во ниеден облик да дозволат за нашата заедничка судбина да одлучува македонскиот народ.“ – нагласи таа.
„Лајм“ пишува: Илире Даути рече дека оваа тема е поттикната, затоа што новата Влада во Скопје не ја почитува политичката волја на Албанците, изразена со гласањето на последните парламентарни избори.
„Таквите теми се поттикнуваат, бидејќи Албанците во * Македонија останаа без територија, на која можат да го изразат својот суверенитет. Поради немање на овој суверенитет, се појавуваат и теми од ваков карактер. Прашањето на легитимитетот и овој суверенитет, за што граѓанинот сам одредува кој сака да го застапува во државните институции, не е ниту индивидуално ниту групно прашање, туку е многу пошироко прашање. Тоа прашање не им припаѓа на некои посебни субјекти, туку на сите политички партии, им припаѓа и на македонските партии, ако сакаат навистина * Македонија да продолжи чекори кон ЕУ.“ – нагласи Илире Даути.
Во споменатото интервју таа уште посочува: „Ситуацијата во која се наоѓаме, доведува до тоа да го немаме овој суверенитет, да нема територија каде што Албанците ќе имаат право да одредат кој ќе ги претставува, поттикнува теми од ваква природа. Алијансата за Албанците го поддржува овој став на ДУИ. Албанците не смеат во ниеден облик да дозволат за нашата заедничка судбина да одлучува македонскиот народ.“





