По осум обиди и гласања да се избере претседател, судиите по координација утрово одлучиле сепак да одржат седница на која за нов претседател е избран Дарко , кој ги добил потребните 6 гласа.



Осман Кадриу за кого и вчера се гласаше, но не доби доволен број гласови, се откажал од кандидатурата и судиите сега гласале само за Костадиновски.

Во четвртокот и петокот, пропаднаа шестте обиди да изберат нов претседател на Судот. Вчера судијката Ана Павловска Данева ја повлече својата кандидатура, но нејзината противкандидатка Татјана Васиќ Бозаџиева повторно не го доби потребното мнозинство.

Мандатот на претседателот на Уставен суд е три години, без право на реизбор.