Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ попладневно ќе заседава на седница на која се очекува да биде констатирана оставката на Никола Груевски и да се потврди одлуката за одржување вонреден Конгрес на партијата.
Ништо не е извесно, но доколку биде прифатено заминувањето на Груевски, на 23 декември ќе се бира и нов лидер на партијата.
За наследник на Груевски на кормилото на ВМРО ДПМНЕ досега кандидатура пријави Филип Петровски кој во емисија за Канал5 телевизија рече дека по долго размислување се решил на тој чекор.
Неофицијално, за ова место претендирале и Илија Димовски, Христијан Мицковски, Никола Поповски, Антонио Молошоски и Никола Тодоров, но засега никој јавно не потврди дека ќе се кандидира.






