Јужноафриканската среднопругашка не се сложува со истражувањето на научниот тим кој пред неколку дена објави дека девојките со повеќе тестостерон во атлетиката и пред се во тркачките дисциплини имаат предност од 4,5 проценти во однос на оние што се со средно ниво. Кастер Семења ова го нарече глупост кога новинарите ја запрашаа за новата истрага на Спортскиот арбитражен суд во Лозана.



“Немам време за идиоти, за луѓе на кои не им е воопшто грижа за мене” рече двојната Олимписка шампионка на 800 метри од Лондон и Рио.

Кастер Семења еднаш веќе беше под голема истрага и тоа веднаш по првата демонстрација на својот талент кога во 2009. година победи на Светското првенство што го предизвика ИААФ да го испитува нејзиниот пол, а сега одново е на удар на противничките. 26. годишната атлетичарка признава дека е малку уморна од сите забелешки на нејзиниот изглед, но никако нема намера да се повлекува особено што и годинава доминира на митинзите од Дијамантската лига.