Дали Таравари може и со ВРЕДИ и самостојно на локалните!?

Лидерите од коалицијата „ВРЕДИ“ денеска во 14 часот ќе одржат седница во Скопје по вчерашната одлука на Алијанса на Албанците да одат на сопствени листи за советници на претстојните локални избори, а да не излегуваат од коалицијата.



„Во 14 часот ќе има седница на ВРЕДИ по што медиумите и јавноста ќе бидат информирани за ставовите на ВРЕДИ околу ова прашање„, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити при неговата посета на Липково.

Централното претседателство на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари синоќа во Тетово одлучи на претстојните локални избори да понуди сопствени листи со кандидати за советници.

Како што изјави Таравари по сендицата оваа одлука нема да придонесе за промени, односно дека остануваат како партија во рамки на коалицијата „ВРЕДИ“ и во состав на Владата.

Таравари: АА останува во Вреди и во Владата, а на локалните ќе оди со свои кандидати за советници – Отворени сме за соработка со сите партии