Дали Села уште мисли дека инсталациите на Али Ахмети штитат корумпирани политичари?

Екс министерот за финансии и политички аналитичар Џевдет Хајредини потсетува на стара изјава на Зиадин Села дека 150 корумпирани политичари избегнаа затвор затоа што пратениците на Али Ахмети го донесоа законот за измени на Кривичниот законик со кој многу дела застареа и многу криминалци во политиката се спасија.



,,Г-дин Села вели дека инсталациите на Амет штитат 150 корумпирани политичари”, ја анализира Хајредини старата изјава на лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села.

,,Тие, заедно со Ахмети, избегнаа затвор со измена на Кривичниот законик, со парите украдени од богатите луѓе”, пишува Хајредини.

Во изјава дадена пред три години Зиадин Села рече дека: Инсталациите на Ахмети штитат 150 корумпирани политичари!

Останаа во фиока случаите како „Маѓар телеком“ на Али Ахмети и Муса Џафери, „Пациент“ на Бујар Османи или „Титаник 3“ на Ејуп Халими, за коишто сите се амнестирани. Се соочуваме со вистински масакр во судството, со десетици судии и обвинители под тотална контрола на ДУИ – рече во 2023 година Зијадин Села, тогашен лидер на АА.

Алијанса за Албанците (АA) тогаш ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека го контролира судството, преку свои блиски луѓе поставени на клучни позиции во правосудни институции.

,,Сè уште ни се свежи сеќавањата на бомбите на Заев каде што се слушаа Али Ахмети, Муса Џафери и Блерим Беџети како назначуваат и купуваат судии и обвинители за да обезбедат неказнивост за нивните луѓе. Седум години подоцна, не видовме речиси никакви пресуди во случаи на корупција и криминал на високо ниво. СЈО беше корумпирано и се укина или разби, па како резултат на тоа 40 судски случаи на повеќе од 150 корумпирани функционери останаа заборавени во фиоките на судството. Оваа појава особено важи за функционерите на ДУИ како што се случите „Маџар телеком“ на Али Ахмети и Муса Џафери, „Пациент“ на Бујар Османи или „Титаник 3“ на Ејуп Халими, за коишто сите се амнестирани. Се соочуваме со вистински масакр во судството, со десетици судии и обвинители под тотална контрола на ДУИ”, изјавил пред три години Зијадин Села.

Тој обвини неколку функционери и поранешни функционери на ДУИ за влијание врз правосудниот систем.

,,Тие што го заробија судството имаат име и презиме и тоа се: Блерим Беџети, Аднан Јашари, Валдет Џафери, Билент Саљији и Агим Нухиу, сите министри на Али Ахмети. Во секоја судска институција доволен е повик од Мала Речица за да се запре или саботира кривичното гонење секогаш кога ќе се засегне интересот на ДУИ”, обвини тогаш Села кој сега е во друштво на луѓето за кои мислеше дека се корумпирани.