Дали пензионери се решение за недостигот од работници во угостителството

Увозот на работници од странство сепак не го „пополнија“ недостигот од работна сила во Охрид и Струга.



Експертите во оваа област сметаат дека тоа не е решение за проблемот.

Годинава во Охрид и Струга требаше да дојдат околу 1.000 работници од странство, но дојдоа само 150 или 200 работници.

Другиот дел беше покриен со локални работници, особено млади од средните училишта.

Универзитетскиот професор по туризам, Наум Мариновски, како трајно решение го гледа она што го прават европските земји, а тоа е враќање или вклучување на пензионерите на работа, пренесува ТВ21.

Мариновски дава надеж дека на факултетот за угостителство и туризам има голем број студенти заинтересирани за оваа област. Тој вели дека овој интерес би ја ублажил состојбата со недостигот на кадар во оваа област.