Христијан Мицкоски, кој повеќе од веројатно ќе биде идниот премиер, во изјави дека Македонија ќе земе кредит од друга држава со многу поволни услови, и најави дека веднаш ќе има неколку инвестиции од кои едната во енергетиката вредна 400-500 милиони евра.
„Можам да најавам еден финансиски пакет, соработка влада со влада, во вредност од една милијарда евра со исклучително поволни услови, со добар грејс период, со исклучително атрактивна каматна стапка“, рече Мицкоски, потврдувајќи дека станува збор за кредит од друга држава, но не откри други детали.
Претставници на ВМРО-ДПМНЕ за Телма тврдат дека финансиите нема да бидат земени од Кина, Турција или Русија, а на прашањето дали станува збор за пари од Емиратите, од партијата, како што тврди телевизијата, немало прецизен ниту потврден одговор.
Договарањето за овој финансиски пакет (кредит) со странската држава се одвивал за време на кампањата.





