Дали крилото на Села во АА и ДУИ на Ахмети почнаа да се разидуваат, иако Села се „колне“ дека „остануваат во ЕУ-фронтот“?!

„Не се согласуваме со измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа, предложени од ВМРО ДПМНЕ. Нашиот претставник учествуваше на средбата на Европскиот фронт со претставниците на ВМРО-ДПМНЕ околу тие законски измени, но не и во нивното изгласување. Ние како партија ги задржуваме нашата самостојност и ставот дека не ги поддржуваме тие законски измени. Сепак, остануваме дел на Европскиот фронт.“ – изјави Арбен Зеќири, портпаролот на Алијансата на Албанците (крилото на Зијадин Села). Ова го објави весникот на албански јазик „Лајм“



Инаку, споменатите измени на Законот за организација на работата на органите на државната управа се веќе изгласани со учество и на дел од пратениците од ДУИ, како дел на Европскиот фронт.