Дали за ДУИ и буквата „М“ е „дискриминација и провокација“, штом е тоа за нив испитот за македонски јазик за директорите на училиштата?!

„Од Демократската унија за интеграција бараат повлекување на амандманот, што денеска беше изгласан во Правно-законодавната комисија, со кој полагањето македонски јазик станува услов за да се стане директор во основно училиште. Од ДУИ велат дека овој чин е ‘јасен доказ за агендата за поларизирање на општеството и маргинализирање на заедниците, кои не го зборуваат македонскиот како мајчин јазик’.“објави ТВ 21.



Во оваа реакција на ДУИ, која претставува тешка провокација врз етничка основа во државата Македонија, натаму се изнесува: „Демократската унија за интеграција најостро ја осудува одлуката на парламентарното мнозинство, кое во Правно-законодавната комисија изгласа дискриминаторска измена во рамки на Предлог-законот за основно образование. Со овој амандман, предложен од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а поддржан од пратеничката на Вреди, како услов за именување директори на основните училишта се предвидува полагање на испитот за познавање македонски јазик. Овој предлог е отворен напад врз директорите на училиштата, кои успешно ја вршеле својата работа. Овој предлог е и обид за создавање непотребни бариери и етнички поделби. Парламентарното мнозинство наместо да се насочи кон подобрување на квалитетот на образованието, поставува вештачки пречки кои не им служат на интересите на учениците и наставниците.