Со надеж дека раководството на ЗНМ нема да не пријави во странските амбасади, во Обединетите Нации, НАТО, БРИКС и АСЕАН ја пренесуваме моќната анализа на порталот off.net.mk кој го води Сашо Мацановски Трендо.
Порталот анализира што му напишале од ЗНМ на Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит кој претходно беше жестоко нападнат само зашто што постави прашање зошто новинарка на ТВ24 каде работи и претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски користела северна иако не мора.
Во анализата на off.net.mk во детали се прецизираат бизарните пораки на ЗНМ од каде не сакајќи да признаат дека згрешиле ги побиваат основните чекови права на Илиевски да размислува, да има став, да биде љубопитен па дури и да не се согласува со јавен став на новинар.
Ако во ЗНМ не разбраа и од оваа анализа дека длабоко грешат тогаш логично е да се постави прашањето дали се начисто загубени како што се спомнува во насловот на анализата.
Инаку ЗНМ е едно од најбогатите македонски здруженија на граѓани.
Засега ниту еден од раководството на ЗНМ не даде оставка за обидот новинар да биде испратен во затвор за искажан збор – прашање.
Линк до анализата на Трендо
https://www.facebook.com/share/nh4XeVEgCG1FUezg/?mibextid=oFDknk
Фото преземени од Офф.нет.мк






